Започнува скопскиот ПивоЛенд

Денеска се отвора годинешното издание на скопскиот ПивоЛенд кој ќе трае до 20 септември. Локацијата е иста со мало проширување на фестивалот и пред платото на Црквата Св. Спас со што се проширува идејата за заживување на старата чаршија и фестивалот ПивоЛенд како туристички бренд.


Програмата на фестивалот е проширена и ќе се состои од MAIN STAGE, DANCE STAGE, SILENT PARTY, ETHNO STAGE, DRINK’N’SIT ZONE, TIME ZONE, CINEMA и ИГРОТЕКА ЗА ВОЗРАСНИ.

На Main stage на ПивоЛенд 2009, ќе настапуват повеќе од 30 артисти меѓу кои најзначајни се големите Stereo Mc's од Велика Британија, Dubioza Kolektiv и Vuneny од Босна,

Psihomodo Pop од Хрватска, Atheist Rap од Србија, Popa Sapca од Романија, како и нашата оригинална и единствена Есма Реџепова, PMG Colective, Parketi ..

Ако минатата година имавме околу 20-на видови на пиво, годинава понудата е дуплирана. Љубителите на пиво на овој ПивоЛенд покрај стандардните вкусови ќе имаат прилика да пробаат и овошно пиво со вкус на капина, цреша, јаболко..

Во рамките на фестивалот освен пивото и добрата музика, ќе има и голем број придружни активности, кои ќе дадат дополнителна возбуда за сите посетители.

Една од поинтересните сцени, покрај музичките денс, етно и главната сцена, е и онаа наречена „Игротека за возрасни“, каде што на интересен начин посетителите ќе можат да се забавуваат со игрите од типот на популарното фудбалче, шах, табла, буткање на рака, рулет, пикадо, не лути се човеку и слично. Се подразбира, влогот во секоја игра е чаша пиво.

За оние што не сакаат да пропуштат ниту еден настан  Програмата секој ден ќе почнува во 17 часот и ќе трае до 1 часот по полноќ, освен во петок и во сабота кога ќе завршува во 4 часот изутрина. За време на фестивалот
улицата „Самуилова“ секојдневно ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 20 до 24 часот.

Забавувајте се и не заборавајте,

ОСТАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ВОЗИЛА ДОМА, ДОЈДЕТЕ ПЕШ!



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој многу пие...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download