Попрво под воз отколку пред олтар

Мадона на гостувањето во ТВ шоуто на Дејвид Литерман се присети на некои некогашни нејзини гостувања на кои се посрамотила, но му објасни на водителот дека тоа било поради неколкуте џоинти кои ги испушила пред емисијата. Исто така поп кралицата изјави дека попрво сака да ја прегази воз отколку повторно да се омажи.

Пејачката овој пат во шоуто на Летерман делуваше прилично опуштено. Таа се пожали на Дејвид дека го мрази прекарот Madge кој го користат Британците, а кој често го користел и нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи.

- Една од причините зошто ја напуштив Англија беше дека не можев повеќе да го слушам зборот Madge. Некои ми кажаа дека тоа е колоквијален израз за досада, а други дека е збор за височество, рече 51 – годишната пејачка.

Мадона се пресели од Лондон во Њујорк и во моментов се гледа со 22 години помладиот бразилски модел Хесус. Сепак пејачката потврди дека венчавка не и паѓа ни на памет.

- Попрво би сакал да ме прегази воз, отколку повторно да се омажам. Сепак морам да признаам дека постојат некои работи во бракот кои ми недостасуваат, а тоа е дека сега немам можност да извикам: Оди избањај ги децата!, туку се морам сама да правам, изјави пејачката.

Кај Летерман пејачката има гостувано неколку пати, а најконтроверзно беше тоа во 1994 година, кога зборот „f…“ го употребила 13 пати. Таа емисија се смета за една од најцензурираните во историјата на американските ток шоуа.

- Мислам дека неколку пати кај вас имам направено будала од себе. Тоа беше поради испушените џоинти пред да излезам, објасни Мадона.


Водителот на „Late Show“, Летемрман деновиве е во центарот на вниманието, откако пред судот призна дека имал сексуални односи со членови од екипата на шоуто.

- Имав мала приказна која сакам да ви ја кажам. Направив нешто што никогаш не сум го направил во животот. Морав да сведочам пред големата порота и да им откријам некои лоши работи, рече Литерман.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Сам против сите
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download