Адвокатите на Полански побарале тој да биде ставен во домашен притвор

Адвокатите на Роман Полански поднеле барање до швајцарскиот Федерален суд режисерот да биде пуштен од затвор и да биде ставен во домашен притвор, јави радио Би-Би-Си.

Полански моментално е во мала ќелија во затвор во Цирих. Адвокатите на режисерот тврдат дека просторијата е многу тесна и студена. Самиот затвор е еден од најстарите во Швајцарија и условите во него не се добри. На Полански му се дозволува да се шета во дворот на затворот само еден час дневно.

Адвокатите предлагаат режисерот да го чека развојот на судските процедури против него на имотот кој го поседува во Швајцарија. Се работи за викендичка во туристичкото село Гштаад, каде Полански може да биде во домашен притвор.

Во меѓувреме швајцаските судски власти се уште чекаат официјално барање од страна на САД за екстрадирање на Полански во Америка, каде тој е обвинет за сексуални односи со 13-годишно девојче пред 32 години. Филмскиот режисер Роман Полански се согласил своевремено, во судска нагодба, да и плати 500.000 долари отштета на Саманта Гејмер, со која имал противзаконски сексуални односи во 1978 година, но останува нејасно дали го испочитувал договорот, пренесуваат американските медиуми по увидот во судските списи. 

Полански и Гејмер, на 3 октомври 1993 година, 15 години по неговото бегство од САД, постигнале договор според кој Полански требал да и исплати половина милион долари.

Американските медиуми пренесуваат дека судот ја обелоденил само висината на отштетата, но не и останатите услови на договорот.

Документот го остава отворено прашањето дали Полански ги исплатил парите, но како што наведуваат, судејќи според промените во потезите на Гејмер во наредните години, двете страни можеби постигнале договор.

Гејмер во 1996 година инсистирала да ги наплати парите и тоа дури и од филмските студија, но веќе во 1997 година, таа во писмо известува дека судот нема потреба да и помага во наплата на парите од Полански и образложува дека таа, како жртва, смета дека режисерот не треба поеќе да биде кривично гонет.

Гејмер признала во 1993 дека постигнала договор со Полански.

Според судските списи, Полански во август 1996 и должел на својата жртва 604.416 долари, а медиумите проценуваат дека, доколку не и исплатил отштета, тој долг денес изнесува околу 650.000 долари.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој со што си игра !?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download