„Мулен Руж“ најдобар филм во последната деценија

Никол Кидман може да биде горда на својата актерска игра, бидејќи филмот „Мулен Руж“, во кој таа ја толкуваше главната улога, е прогласен за најдобар филм во последната деценија.

Прекрасната австралиска актерка ја глуми Еван МекГрегор во оскаровскиот мјузикл на Баз Лухман, а за најдобар филм го избраа 150.000 филмски фанови.

Хелен Ковели, директорка на компанијата „LoveFilm“, која го спроведе истражувањето, смета дека „Мулен Руж“ и уште неколку други филмови од списокот можеби и не можат да се стават во иста категорија, но дека тоа е сепак одлука на фановите и на гледачите.

На второто место меѓу најдобрите филмови се најде остварувањето за Бетмен „Принцот на мракот“, а на трето „Ноќта на глупавите мртовци“. Следат „Дружината на прстенот“, првото продолжение од трилогијата „Господар на прстените“, додека филмот „Враќање на кралот“ од истата трилогија се најде на шестото место.

Меѓу првите десет се наоѓаат и „Гладијатор“, „Лавиринтот на Пан“, „Пиратите од Карибите“, „Дони Дарко“ и цртаниот филм „Wall-E“.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кога жена крши
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download