Бијонсе и Мадона ќе настапат на донаторската акција за Хаити

Комплетирана е листата на светски познатите  ѕвезди за денешната телефонска донаторската акција за Хаити.

Најавено е дека ќе настапат Бијонсе и Мадона, а на повиците на донаторите, меѓу другите, ќе одговараат и Дензел Вашингтон, Бред Пит, Леонардо Ди Каприо и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон. Освен што ќе работи за донаторската акција "Hope for Haiti Now", Ди Каприо објави дека донирал еден милион долари во организацијата за Хаити која ја основаа поранешните претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш.

Телефонското собирање на средства ќе трае два часа, а ќе биде пренесувано на сите поголеми телевизиски мрежи и канали. Јавувања ќе има од Лондон, Њујорк и Хаити. Бијонсе ќе настапи во Лондон, а Мадона во Њујорк.

- Голем е светот околу нас и ние имаме одговорност да им помогнеме на луѓето кои не можат да си помогнат самите на себе. Поради тоа мораме, пред се, да собереме пари. Тоа е тоа, изјави Џорџ Клуни, кој е и еден од организаторите.

Гледачите ќе можат да донираат средства по пат на СМС, а ќе биде овозможено и превземање на музичките изведби преку iTune за 99 центи што исто така ќе бидат донирани за жртвите од земјотресот.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој со што си игра !?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download