Роби Вилијамс и Take That заедно за Хаити

Роби Вилијам поранешен пејач на групата Take That се соедини со бендот за снимањето на новата нумера за помош на жртвите во земјотресот на Хaити.

35- годишниот Роби со колегите ќе сними сингл прв пат од распадот на групата во 1995 година. Синглот доби име „The Sun's Helping Haiti“, а Вилијамс  изјави како бил почестен и кога од групата REM го повикале заедно да ја отпеат баладата „Everybody Hurts“.

На планираното ЦД ќе се најде песната на Кајли Миног. Леона Луис, Џи-Ел-Си, Џејмс Блант. Шерил Кол И Џо Мекелдери,  јави Скај Њус.

Вилијамс и Take That ќе работат во Лос Анџелес, но не е познато дали вокалите ќе се снимаат посебно или заедно ќе пеат.

Шпекулациите за повторното собирање на групата продолжија откако Гери, Марк Хауард, Џејсон и Роби заедно настапија на концертот „Children in Need“ во ноември минатата година.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Јак гимнастичар
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download