Шерил му врати на Ешли

Пејачката на групата Girls Aloud, сексапилната Шерил Кол одлучи да се разведе од нејзиниот сопруг, Ешли Кол, откако дозна дека тој имал и петта љубовница. Шерил својата одлука му ја соопштила по пат на СМС порака.

- Исели се, готово е, му пишала пејачката на својот сопруг, познатиот фудбалер на Челзи, Ешли Кол.

Шерил последното понижување го доживеала откако дознала дека во неделата навечер, само неколку минути откако се поздравил со неа, Ешли заминал со љубовницата, Александра Тејлор, во еден лондонски бар.

Александра за Mirror раскажа дека фудбалерот и пришол и почнал веднаш да и се додворува.

- Ешли беше прилично пијан, седнав до него, но не знаев ништо за неговиот однос со Шерил. Покасно отидовме во еден стан, а тој ми се пофали дека тоа е неговото место за секс. Утредента тој беше многу злобен и агресивен,  ме замоли на никој да не кажувам за вечерта, изјави петата љубовница на Кол.

Шерил, веќе неколку дена се наоѓа во Лос Анџелес, очигледно брзо го преболе неверниот сопруг. Англиските таблоид The Sun, во денешното издание објави дека Кол поминала седум час во својата хотелска соба во познатиот хотел Лондон во Холивуд со дваесет и четиригодишниот танчер, Дерек Хоуг.

- Дерек во хотелот пристигна со своето куче, а  собата ја напушти по седум часа. По лицето и насмевката на Дерил можеше да се забележи дека тој е среќен и задоволен. Што се случувало во собата на Шерил не може да знаеме, но тројката (Кол, Хоуг и неговото куче) сигурно имала исполнети седум часа, изјави неименуван извор за The Sun.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој многу пие...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download