Шерил официјално побара развод и 22 милиони фунти

Изневерената Шерил Кол се врати во Лондон и официјално објави дека се разведува од нејзиниот неверен сопруг, Ешли Кол. Понижената дваесетишестгодишна пејачка на популарната група Girls Aloud ја потврди разделбата по неколку часа откако пристигна дома и ја објави битката за богатството од 22 милиони фунти.

Познатиот британски весник Daily Mail дознава дека Кол и се заканил на Шерил дека таа нема да добие ниту пени од неговото богатство, а за проблемите во бракот, фудбалерот ја обвинил мајката на пејачката која се вселила во заедничкиот дом.

- Шерил бара од медиумите да ја почитуваат нејзината приватност бидејќи ова за неа е тежок период. Немам дополнителен коментар, објави на Twitter портпаролот на сексапилната пејачка.

Британските медиуми утрово објавија дека Кол ја почитувал одлуката на неговата сопруга и се иселил од домот, но цела ноќ ја бомбардирал со телефонски повици и очајнички СМС пораки, во кои ветил дека ќе оди на рехабилитација со цел да се справи со неговите сексуални проблеми.

Двојката која се венча во 2006-та година нема потпишано предбрачен договор, па поради тоа сега сигурно ќе следи доста интересен период.

- Ние се венчавме и се обврзавме дека остатокот на животот ќе го поминеме заедно. Тоа очигледно нема да се случи, но сигурно не очекував да се случи нешто вакво, изјави Шерил, која во Лос Анџелес седум чаша беше затворена во хотелска соба со танчарот Дерек Хоуг.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download