Српската поп пејачка Ксенија Пајчин и манекенот Филип Каписода вечерва се пронајдени мртви во стан во белградската населба Вождовац.
Нивните тела се пронајдени со прострелни рани. Се уште не е познато дали во прашање е убиство или самоубиство. Српското МВР наведува дека истрагата е во тек, но оти најверојатно станува збор за убиство и самоубиство.
Безживотните тела на Пајчин и Каписода ги пронашла мајката на Ксенија во својот стан.
Блиц неофицијално дознава оти полицијата пред два дена интервенирала поради пријавено насилство, но оти тогаш никој не бил приведен.