Пош доби конкуренција

Британскиот актер, комичар и водител на спортски квиз Џејмс Корден вели дека фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам е едноставно прекрасна и оти му било задоволство да работи со него на снимањето на кратките комични скечови за Sport Relief.

- Искрено, тој беше неверојатно фин. Бевме заедно на вечера, се дружевме и супер си поминавме. Го гледав и размислував за тоа дека за овој човек се напишани толку гнасни работи кои му нанесоа штета и нему и на неговото семејство. Сепак, тој воопшто не зборува за тоа. Тој секогаш е фин и почитува сè, вели Корден.

- Впечатокот кој тој го остава кај секое лице што ќе го сретне е просто неверојатен. Тој навистина е прекрасен. И искрено мислам дека се вљубив во него, истакна британскиот актер познат по улогата во филмот „Lesbian Vampire Killers“.

На новинарско прашање дали сака да го допре лицето на Бекам, Корден одговори: „Сакам само да го излижам“.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download