Анџелина Џоли и Бред Пит во Црна Гора

Познатата холивудска двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит, кои вчера допатуваа во Црна Гора, се сместени во хотелот „Сплендид“ во Бечиќи, крај Будва, јави Танјуг.

Соговорник на агенцијата од хотелот изјави дека двојката е сместена во претседателскиот апартман во кој пред две години беше сместена и поп иконата Мадона, која одржа концерт на плажата Јаз кај Будва, но не сакаше да соопшти колку актерската двојка планира да остане во Црна ГОра. 

-Двајцата познати актери се во нашиот хотел и немаа никакви посебни барања. Тоа е се што можеме да кажеме, бидејќи нашите гости инсистираа на дискреција, сакајќи да се одморат пред нивното враќање во Венеција, изјавија од „Сплендид“. 

Џоли и Пит во Црна Гора допатуваа вчера попладне, со приватен авион на аеродромот во Тиват.  

Изминатите два дена тие ги минаа во БИХ каде посетија бегалски центри во Горажде. 

Медиумите во Подгорица јавуваат дека двојката отапува во оваа земја со цел да посвојат уште едно дете без родители, кое е сместено во еден од бегалските населби. 

Анџелина Џоли веќе еден месец во Венеција снима филм. 

Високиот комесаријат за бегалци за БИХ соопшти дека Џоли, која е нивен амбасадор на добрата волја, посетила бегалци во БИХ.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој со што си игра !?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download