Џоли повторно трудна?

Анџелина Џоли ги разгоре шпекулациите дека повторно е бремена откако за време на последниот престој во Лос Анџелес страдаше од утрински мачнини.

Медиумите пишуваат дека актерката неодамна одбила нов филмски проект, а знаци на бременост покажала и на снимањето на „The Pacific“.

- Одвај јадеше. Подоцна, одби филмски проект. Сите велат дека таа е во првите месеци од бременоста, вели извор.

- Сите зборуваат за тоа. Никој не може да поверува дека повторно е бремена, но не можете да ги игнорирате знаците. Таа е бледа и слаба. Филмската екипа постојано трча околу неа со столче за да приседне додека се снимаат сцените во кои таа не се појавува, вели истиот извор.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој со што си игра !?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download