Витни Хјустон примена во болница во Париз

Американската пејачка Витни Хјустон е примена во болница во Париз заради хроничен ринофарингитис и инфекција, чија причина се уште не е утврдена, јавија денеска француските медиуми.

Витни Хјустон (46), која беше на врвот на кариерата во време на снимањето на филмот „Телохранител“  од 1992 година, вчера заради „респираторна инфекција“ го одложи првиот европски концерт од својата нова турнеја, што требаше да се одржи во Париз.  

Вториот европски концерт, предвиден за четврток во Манчестер, исто така, најверојатно ќе биде одложен, наведуваат од екипата која ја следи на турнејата. 

По седум години отсуство од сцената во текот на кои постојано беше во центарот на вниманието на медиумите, најмногу заради проблеми со дрогата, пејачката минатата година го објави албумот „I Look to You“, што наиде на добар прием кај критиката. 

Публиката, меѓутоа, не покажа голем интерес за што сведочи податокот дека албумот е продаден само во неколку десетици илјади примероци.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Пази сурла
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download