Витни повторно шмрка

Витни Хјустон наводно се вратила на старите навики. Минатиот месец познатата пејачка била забележана како зема кокаин во бар.

Хјустон, која го одложи европскиот дел од светската турнеја, наводно на 10-ти март била забележана како шмрка во барот на Beverly Wilshire хотелот во Лос Анџелес.

- Ја видов како извади пластична кеса, стави една свиткана банкнота во носот и дискретно повлече линија од тоа што изгледаше како да е кокаин. Таа е премногу слаба и изгледа катастрофално. Целата е хаос, вели неименуван извор за In Touch магазинот

Според истиот извор, Витни била во друштво на својот поранешен сопруг Боби Браун, а целата ситуација излегла од контрола кога почнала да се дере „Сакам пијачка у п*чку матер!

Очевидецот вели дека Боби, кој тврди дека не користи дрога, бил згрозен од однесувањето на неговата поранешна сопруга.

- Се мачеше да ја смири. Се обиде да ја натера да си заминат, но таа не сакаше. Таа почна да се дере и да го изговара неговото име, нарекувајќи го глупав кучкин син, за на крај да му каже да си ја затне муцката, вели изворот.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Пази сурла
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download