Импресивна аудио-визуелна поддршка на забавата на Дејвид Гета

Биг Саунд и Октопуси Ентертејмент, организаторите на настапот на светски познатиот ди-џеј и продуцент Дејвид Гета, закажан за 9-ти мај во Метрополис Арената во Скопје, најавуваат импресивна аудио-визуелна продукција.

Во салата ќе бидат распоредени преку 40 интелигентни светлосни тела, а ќе има и три високо квалитетни професионални ласери. Централно над подиумот ќе биде поставена огромна топка со дијаметар 3,5 метра на која ќе има три видео бима. На нив ќе биде прикажувана анимација испратена од менаџментот на Дејвид Гета и атмосферата од забавата. Топката ќе може да се види од сите страни на салата. Најавено е моќно и современо озвучување од компанијата Биг Саунд, рамномерно распоредено на подиумот, за да може во секој агол на Метрополис Арената подеднакво добро да се слушне музиката на Дејвид Гета. Ќе има и посебно изненадување во горниот дел од салата, односно во ВИП просторот.

Инаку, Дејвид Гета со години е на самиот врв на светската клупска сцена. Во својата дискографија има четири студиски изданија. Неговиот последен албум One Love има одлична продажба, а хитовите од него како When Love Takes Over и Sexy Chick се најдоа на челните позиции на топ листите.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Пази шанк
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download