Македонија финалист, Ерменија победник?

Под мотото „Сподели го моментот", вечерва во Теленор арената во Осло ќе започне 55-тиот по ред избор за Песна на Евровизија. По 1986 и 1996, Норвешка по трет пат ќе го организира овој натпревар, благодарение на минатогодишната победа на Александар Рибак со песната "Fairytale" (Бајка).

На годинашново издание на најгледано музичко шоу ќе учествуваат 39 земји членки на Европската радиодифузна унија. Според програмата, вечерва и во четврток ќе се одржат двете полуфинални вечери. Десетте најдобро пласирани земји од двете вечери заедно со: Франција, Велика Британија, Шпанија, Германија и домаќинот Норвешка ќе ја заокружат бројката од 25 учесници во финалната вечер на 29 Мај. Како што е познато, Македонија ќе ја претставува Ѓоко Танески со песната „Јас ја имам силата". Неговиот настап е вечерва под реден број 15. Имаме среќа што Македонија е во првата полуфинална вечер, зашто според квалитетот на песната и проценките, речиси сме сигурни дека „Јас ја имам силата" ќе се пласира во финале, зашто најголем дел од фаворитите се во втората полуфинална вечер. Кога станува збор за фаворитите, годинава тој круг го формираат: Ерменија, Израел, Азербејџан, Данска и Германија. Оваа проценка е направена според калвитетот на песните и проценките на разни обложувалници, интернет портали и мислења на љубителите на Евровизија.

За конечниот победник, несомнено значаен ќе биде сценскиот настап.

Изминатава деценија на Евровизија се случи огромен пресврт. Имено, токму настапот и посебноста во трите минути беа одлучувачки за победа. Факторот изненадување е секогаш присутен и можно е да изненади некој на кој воопшто не се типувало претходно. И годинава ќе гласаат гледачите и стручното жири во секоја држава учесник во сооднос 50-50. Според последните информации, пред генералната проба за првата полуфинална вечер, Ѓоко и екипата се подготвени да ја покажат силата и да ги убедат гледачите дека тие се вистинскиот избор за кој треба да гласаат. Настапот ќе го карактеризираат три дела: рефрен, рап дел и гитарско соло. Кулминација ќе биде крајот на настапот кој ќе биде посебен. За сите Македонци кои се наоѓаат во некоја од државите учеснички на изборот за Песна на Евровизија постои можност да гласаат за нашиот претставник. Напред Македонија и со среќа наши!!!!!!!!!!



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Милионер
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download