По првата полуфинална вечер на изборот за Песна на Евровизија

Ѓоко ја изгуби „силата“ за финале

Трета година по ред, Македонија не успеа да се пласира во финале на изборот за Песна на Евровизија. Ѓоко Танески со песната “Јас ја имам силата” беше дел од првата полуфинална вечер на 55-от избор за Песна на Евровизија што синоќа започна во Теленор арената во Осло. Во присуство на близу 20 илјади гледачи и над 125 милиони гледачи ширум светот, Ѓоко Танески професионално и во свој стил впечатливо ја отпеа “Јас ја имам силата”, надополнета со убава за око кореографија. Иако, прогнозиравме сигурен пласман во финале, очигледно е дека треба конечно да научиме дека на Евровизија не е се до песната и настапот. Оваа лекција треба уште веднаш да ја промениме за да не ни се случи истата ситуација и догодина. Македонските љубители на Евровизија треба да се задоволни и горди што земјава достојно беше претставена во Осло. Посебно симпатичен и наметлив гест на Норвежаните беше моментот кога водителот Ерик Солбакен, пред настапот на Македонија ја откопча кошулата и на белата подмаица јасно го покажа македонското знаме.

Во однос на првите импресии од годинашнава Евровизија и телевизискиот пренос, Норвежаните не покажаа нешто особено како што беше случај во 1996 година кога беа домаќин. Забелешките се однесуваат на водителското трио, сцената и не многу ефектното светло. Сепак голем плус и техничка иновација беше тнр. “воздушно” претставување на карата на секоја држава пред нејзиниот настап. Понатаму, ефектна беше камерата која го фаќаше секој настапувач кога се појавуваше на сцена и го чекаше моментот за почеток на песната. Ваква камера претходно само во 2000 и 2003 беше употребена на Евровизија во Стокхолм и Рига.

Во однос на песните, првото полуфинале не понуди особен квалитет. Сепак, за издвојување се: Албанија, и до некаде Србија, Молдавија и БиХ. Посилна страна беа настапите и кореографиите. Освен споменатите држави, пласман во финале обезбедија и: Русија, Белгија, Португалија, Грција и изненадувањата: Исланд и Белорусија. Според квалитетот, освен Македонија, пласман не обезбедија и: Словачка и Малта.

За гласањето годинава одлучуваа гледачите преку телевоутинг и стручно жири во секоја држава во сооднос 50-50. Првите десет пласирани песни обезбедија пласман за саботното финале. За прв пат во историјата на Евровизија, гласањето за гледачите започна со почетокот на изведбата на првата песна и траеше петнаесет минути по завршувањето на изведбата на последната песна. Утре е втората полуфинална вечер која по квалитет е посилна од првата и која повторно ќе понуди настапи на 17 држави. Вечерта ќе ја отвори Литванија, а ќе ја затвори Турција.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Милионер
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download