По второто полуфинале на изборот за Песна на Евровизија

Финале без Македонија не е финале

Втората вечер на изборот за Песна на Евровизија го даде одговорот на прашањето кои десет земји се последните патници за финалната вечер на 55-от по ред избор за Песна на Евровизија. Според тоа, редоследот во сабота на 29-ти мај е следен: Азербејџан, Шпанија, Норвешка, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Белгија, Србија, Белорусија, Ирска, Грција, Обединетото кралство, Грузија, Турција, Албанија, Исланд, Украина, Франција, Романија, Русија, Ерменија, Германија, Португалија, Израел, Данска.

Инаку, втората полуфинална вечер понуди 17 многу поквалитетни песни за разлика од првата вечер. Исклучителен впечаток оставија: Ерменија, Израел, Ирска и пријатното изненадување Романија. Кипар, Украина и Грузија исто така изненадија со пласманот во финале. Како и Македонија, особено разочарани беа: Хрватска, Холандија и Литванија кои иако имаа впечатлив настап не успеаја да се пласираат во финале. Според досега покажаното, фаворити за победа и натаму се: Ерменија и Израел на кои може да им се приклучат и: Германија, Норвешка, Ирска, Азербејџан. Секако, факторот изненадување е можен.

Македонскиот претставник Ѓоко Танески во среда попладне тргна со автомобил за Македонија и се очекува да пристигне утре.

- Задоволен сум од комплетниот настап, како од вокалниот така и од техничкиот дел. Делегацијата е расположена и никој не покажува разочарување што нема да сме дел од финалето. Многу делегации ни честитаа на настапот и беа зачудени што не се пласиравме, изјави Таневски во телефонскиот разговор по првата полуфинална вечер.

Се чини финале на Евровизија без Македонија не е финале. Останува да го проследиме и да навиваме за својот фаворит. А, ќе коментираме од недела натаму.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Милионер
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download