Madonna мисли дека Lady Gaga е обична имитаторка

Madonna не ја сака Lady Gaga и смета дека таа е обична имитаторка. Постарата пејачка откри дека ужасно многу ја нервираат настапите на екстравагантната Gaga, а најмногу од сè и смета тоа што новата музичка ѕвезда ја сметаат за нејзина наследничка.

- На Madonna и пречи тоа што Gaga ја нарекуваат за нејзина наследничка, пред сè поради користењето на модата и сценскиот настап. Таа мисли дека е единствена и дека не може да постои нејзина млада верзија. Тука се работи за нејзиното навистина големо его, изјави еден извор за Chicago Sun Times.

Gaga, пак за Madonna мисли сè најдобро па дури постарата колешка ја смета за пријателка.

- Таа е сјајна. Претпоставувам дека би можела да кажам дека сме пријателки. Многу ја сакам нејзината ќерка Лоурдес. Таа е прекрасна млада девојка, која еднаш дојде кај мене на настап со својата мајка одлично се согласувавме, изјави авторката на хитот Pokerface, и додаде дека би сакала да соработува со Madonna.

Gaga неделава го претстави спотот за својот нов хит Alejandro. Веднаш штом излезе, фановите разочарано коментираа дека Gaga се труди да ја копира Madonna, и тоа на лош начин. Сличност дефинитивно постои, особено зотоа што спотот го направи Стивен Клеин, човекот кој порано работеше на видео спотовите на Madonna.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој многу пие...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download