Боб Дилан од организаторот на скопскиот концерт бараше растителни чаеви и прецизна листа на јадења и продукти, а Били Ајдол...даска за пеглање.

За разлика од својот легендарен колега, Били Ајдол пред скопскиот концерт кој ќе биде одржан 20-ти јуни на Скопското кале, од организаторот Авалон продукција побарал соба за одмор и неколку ситници.
Пред да ја отпее White wedding, рокерот ќе ужива во климатизирана фул опремена гардероба која ќе може да собере десет луѓе, а во која покрај две огледала и свеќа, ќе се наоѓаат даска за пеглање (и пегла), пешкири (нагласено е дека мора да бидат нови и испрани), како и чинии кои никако не смеат да бидат од пластика.

Што се однесува до храната, на менито треба да има вегетаријанска храна, риба, а исто така и растителни чаеви, „Evian“ вода на собна температура, енергетски пијалаци, пиво, свежо цеден портокал, кашкавал, диња, пржено пилешко, кафе, ржан леб, туна во вода, а не во зејти, органски домати, авокадо, банани, папаја, боровница, капини, чипс, путер од кикирики, сладолед, бадеми, ф’стаци,јогурт, житарки...
