Gaga се струполи

Повеќето од нас патуваат со лесна облека и слушалки во ушите, но Lady Gaga на аеродромот Хитроу пристигна облечена како киборг од научно-фантастичен филм.

Нејзиниот од во комбинација со црна кожа и чевли со огромна потпетица не траеше долго. Пејачката позната по екстравагантното однесување и облекување изгуби рамнотежа и падна.

Gaga се обиде да воспостави рамнотежа, но не успеа, па докажа дека чевлите на дизајнерот Норитака Татехан не се направени за одење.

Уште еден доказ за нејзиниот чуден вкус и костуми е нејзината идеја за следното нејзино шоу, кое според некои можеби и е премногу.

Gaga во соработка со научникот Гинтер фон Хегенс, познат по контроверзната Body Worlds изложба со мртви тела планира да ја изработи сцената за Monster Ball концертот во Лас Вегас.

- Таа е фасцинирана од работата и животот на Гинтер. Тој пораснал во Gерманија, земјата која таа многу ја сака. Тој е неверојатен филозоф и има минато кон кое таа некако е приврзана. Таа го обожава и се надева дека ќе се сретнат. Засега имаат само електронска комуникација, која одлично им оди. Таа сака елементи од Body Worlds изложбата да бидат дел од нејзиниот концерт во Лас Вегас. Тоа ќе биде одлично нешто за турнејата, нешто што досега никој не го направил, да употреби мртви тела за концерт, вели пријател на контроверзната пејачка.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download