Цеца се надмина себе си

Четири години е во дискографска апстиненција, но Свелтана Ражнатовиќ Цеца, го оправда епитетот „најголема балканска дива“, собирајќи повеќе луѓе отколку на нејзиниот концерт во Ушче во 2006 година.

На настапот на Пивофест во Прилеп присуствуваа 130.000 луѓе, десетина илјади повеќе од Ушче, кој досега беше нејзиниот најпосетен концерт.

Концертот во Прилеп, Цеца го започна со песната „Lepi grome moj“, по што се нижеа нејзините најголеми хитови. Концертот кој траеше нешто помалку од два часа со заврши со баладата „Da li to ljubav pravi od nas slabiće”.

Публиката беше уште жедна за нејзините песни, па Цеца после својата последна песна излезе на бис и ја отпеа познатата македонска песна „Зајди, зајди“.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, ова е најпосетуваниот концерт што досега бил направен во Македонија.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download