Лохан отиде во затвор

Американската актерка Линдзи Лохан денеска започна да ја отслужува затворската казна, а претходно десет минути мина во судницата, каде судијката Марша Ревел ја повтори пресудата од 90 дена.

Дваесет и четиригодишната филмска ѕвезда во судот пристигна со напумпани усни и избланширана коса, па новинарите се пошегуваа дека престојот во затвор го сфатила многу сериозно.

Додека позираше пред фотографите, еден од нејзините обожаватели ја посипа со златни конфети, па така ЛиЛо во судницата влезе со стил. Откако судијката Ревел ја повтори пресудата за затворската казна, Лохан е однесена во „Century Regional Detention Facility“ во Линдвуд, Калифорнија.

Според информациите Линзди во затвор ќе мине најверојатно само 13-14 дена. Во ќелијата ќе биде сама, изолирана од останатите затвореници. Ќе може да се бања еднаш на два дена и да вежба трипати неделно, а надвор од клаустрофобичната ќелија ќе минува најмногу четири часа дневно.

Американските медиуми објавија дека Лохан ќе биде сместена во истиот затвор во кое лежи и лицето кое го ограби нејзиниот дом.

Лохан во затворот веројатно ќе налета на Алексис Неиерс, ограбувачка и ѕвезда на реално телевизиско шоу.

Деветнасетгодишната Алексис е осудена на 180 дена затвор за прекршок од прв степен – ограбување на домот на Орландо Блум.

Лохан не покрена обвиненија против Неиерс, која е член на банда која ги ограбува домовите на познатите холивудски личности.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download