Топ 5 холивудски трикови

Мел Гибсон минатиот викенд со своите расистичко-шовинистички и насилни испади се искачи на скалата за психотично однесување на холивудските ѕвезди и автоматски се избори за првото место во големата трка за најлуд глумец на денешницата. Истиот момент медиумите почнаа да објавуваат фотографии од Гибсон на кои изгледа како избезумен манијак кој само чека прилика да нападне некого во темна уличка, а во јавноста владее мислење дека кариерата за секогаш му е завршена бидејќи менаџерите и агентите ја напуштија ѕвездата кон крајот на неговата кариера. Реално гледајќи, семејното насилство никогаш не влијаело за крај на нeчија кариера, бидејќи Холивуд не обрнува повеќе внимание за шамарање и навредување на сопругите, но ако се вмешате во политичка некоректност, работите се менуваат од корен. Холивудското лицемерие и не е толку важно, самиот Гибсон е најголем виновник за падот на сопствената популарност. Се најде на самиот врв на листата на најлуди актерски ѕвезди, но дефинитивно не е сам бидејќи друштво му прават добро познати лудаци кои веќе долго време активно работат на својот имиџ.

1. Мел Гибсон

Можевме да претпоставиме дека работите ќе излезат од контрола во момент кога „традиционалниот католик“ сними филм за Исус, но тогаш тоа го нарекувавме ексцентричност и уметничка слобода. Гибсон почна да ја преминува тенката линија уште пред неколку години откако целосно пијан, ги подели своите антисемитски ставови со сообраќаен полицаец кажувајќи му дека Евреите се виновни за сите војни. По јавното извинување, Холивуд беше подготвен да му прости, бидејќи сметаа дека последица за тој чин бил алкохолот, но по комерцијалното потфрлување на неговиот последен филм, повторно падна во серија луди испади кои, кои се навистина многу. До сега ги навредуваше Евреите, црнците, жените, хомосексуалците и Латиноамериканците, а до крајот на годината на ред може да дојдат и американските Индијанци.

2 Гери Буси

Откако ќе се смири циркусот околу Гибсон, на прво место повторно ќе се врати неприкосновениот крал на лудоста, еден и единствен Гери Буси. Човек за кој Мел Гибсон е најобичен аматер. Тешко е да се дефинира дали се работи за болна лакомост и желба да се предизвика реакција, за примање на голема количина на дрога и алкохол, за сообраќајна несреќа во која ја повредил главата или се работи за најобична лудост. Како и да е, Гери Буси е непресушен извор на небулози многу години и омилена тема е на секој американски тв водител. Кога не ги тероризира колегите со збирката луди филмови, Гери Буси смислува ново значење на зборовите како што се „страв“ или „трезвеност“, зборува некакви работи за духовноста, шмрка кокаин и се заканува на новинарите. Еден од неговите најпопуларни испади беше кога на новинарка и се заканил дека „од телото ќе и го откорне ендокриниот систем“. Такво нешто може да каже само Буси лудиот крал и познавач на човечката анатомија.

3. Том Круз

Откако се смири и се посвети на нешта кои најдобро му одат, речиси заборавивме дека Том Круз своевремено беше еден од нашите најомилени холивудски манијаци. Секако треба со резерва да се примат многу работи што можат да се прочитаат за Круз, бидејќи голем дел од тие текстови се најобична таблоидска измислица. Сепак, откако јавно ја критикуваше Брук Шилдс поради користење на антидепресиви со која се лечела од депресија по нејзиното породување, откако психијатријата ја нарече „нацистичка наука“ и откако на интернет протече снимка на тричасовно интервју на Круз кое требаше да се појави на ДВД наменето за скиентолозите, на многумина им стана јасно дека со овој човек нешто сериозно не е во ред.

Манијакалното смеење и лудите приказни за вселенски Бог ги вознемирија и тие кои сметаа дека скокањето на каучот на Опра Винфри е само симпатично покажување на љубов. Ненормалните испади на Круз резултираа со изразот „jumping the couch“ кој се користи за ситуации во кои лица ќе застранат доволно екстремно и тоа ќе ја наруши нивната популарност. За цела среќа, лудоста не му се одрази на кариерата, а без оглед на тоа што мислиме за неговата поврзаност со скиентолозите, барем не учествувал во криминално лошиот „Batllefield: Earth“. Можеби не нормален, но не е глупав.

4. Мајкл Ричардс

Поранешните ѕвезди на мега популарната „Сеинфелд“ по завршувањето на серијата тешко наоѓаа ангажмани. Џери Сенфилд не се ни обидуваше, Џејсон Александер се обиде во една серија, додека Џулија Луис - Драјфус ги сними своите „Нови авантури на старата Кристина“ (иако серијата неодамна е укината). Мајкл Ричардс во таа приказна испадна најголем губитник бидејќи по неколку неуспешни обиди за враќање на тв кариерата, се врати во стенд-ап комедија која по кусо време го прослави, но не на начин на кој се надеваше. Имено, откако публиката се замеша во неговиот настап, Ричард ги нарече „црнчуги“ и додаде дека пред 50 години поради својот однос завршувале на дрво со „виљушка во задникот“. Тоа е сосем нормално размислување, ако сте целосно луд, сте излегле од временски процеп и сте заборавиле дека не сте во земја која го одобрува линчот и дека во лицемерниот свет на шоу бизнисот расизмот многу се осудува и над тоа се згрозуваат повеќе отколку за педофилијата на Роман Полански. Додуша, во случајот на Ричардс не можеме да зборуваме за кариера која е уништена со ненормален испад, бидејќи реално, тој и немаше некоја кариера.

5. Жоакин Феникс

Беше глумец кој ветува, но се претвори во луд особењак. Откако пушти брада и почна да се занимава со рап (иако сите знаат дека Рик Рубин е единствена брадеста наказа која раперите ја почитуваат), на многумина им стана јасно дека оваа кариера е при крај и дека од лудиот Жоакин во иднина може да очекуваме само настрани испади, негирање на постоење на сапун и жилет, нечиста запуштена брада и лош рап. За жал, не полуде како Даниел Деј - Луис кој доживеа психички крах, во целост исчезна од медиумите, на пет години се пресели во Италија каде произведуваше чевли и после се, се врати во голем стил, туку Жоакин постојано е присутен без оправдана причина. Може само да се надеваме дека сето тоа е еден голем трик и одличен вовед во лажниот документарец на Кејси Афек „I'm Still Here: The Lost Year of Joaquin Phoenix“, кој ја следи неговата трансформација, а наводно содржи многу машка разголеност и сцена во која на него вршат нужда. Се на се, во последно време почна да се појавува без брада, а дури и ако се работи за измама, Феникс и понатаму е многу луд и лојален лик.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Путерот не е само за јадење
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download