Бритни Спирс единствената поддршка за “разбеснетиот“ Мел Гибсон

Познатиот холивудски актер Мел Гибсон деновиве е расчеречен од медиумите и американската јавност заради проблемите што редовно и ги предизвикувал на својата поранешна девојка Оксана Григориева, со која има и дете.

И додека разбирање за неговата состојба досега покажа единствено поп ѕвездата Бритни Спирс, која му зборува дека „се ќе биде добро“, гувернерот на Калифорнија и колега Арнолд Шварценегер го спореди со нафтената дамка во Мексиканскиот залив.

-Додека стручњаците на БП, се чини, успеаја да го совладаат изворот од кој излегуваше нафтата, никој нема идеја како да го смири Мел Гибсон, рече гувернерот Шварценегер за актерот кој е во центарот на вниманието поради наводното злоставување на поранешната сопруга.

И додека светските медиуми речиси секојдневно одвојуваат простор за наводните транскрипти од заканите на Гибсон до Григориева и за неговите вулгарни испади што таа ги снимила, Бритни Спирс редовно се слуша со него и во моментов претставува неговата единствена поддршка.

Бритни и Мел се спријателија во времето кога токму поп ѕвездата ги полнеше насловните страници на светските медиуми со скандалите што секојдневно ги правеше.

Двајцата се и соседи, па пејачката често пати престојуваше на имотот на Мел каде тој организираше сеанси на терапевтското здружение за борба против зависноста од алкохол и наркотици.

-Бритни е уверена дека Мел е еден грижлив и добронамерен маж. Сака луѓето да му дадат втора шанса како што тој нејзе и даде кога сите и го свртеа грбот, изјави извор близок до пејачката.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Путерот не е само за јадење
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download