Тоше за малку номиниран на MTV

Тоше Проески годинава не се најде на листата на номинираните на годинешните регионални MTV награди. Иако имаше многу повеќе гласови од некои од изведувачите кои се на листата, сепак Проески е изоставен!

Македонските рокери Мартин и Стефан од „Next Time“ и Тоше убедливо водеа на листата која вчера беше објавена на интернет страницата на регионалниот MTV канал. Имајќи предвид дека MTV наградите се доделуваат на актуелни, а не покојни изведувачи, Тоше е отстранет од листата. Сепак ова ги разгневи верните фанови на Проески, кои оставија гневни коментари на сајтот на регионалната MTV.

„Срам да ви е! Толку луѓе гласаа за Тоше, а вие го исфрлате и номинирате некои медиокритети кои по ништо не му се рамни, а камо ли по пеење! Весниците ќе пишуваат за ова“, пиша Беба.

Верните фанови на Тоше Проески вложија неверојатни напори за покојната ѕвезда да биде номинирана за регионалната MTV награда, па дури и започнаа рекламна кампања на Facebook.

- На 26-ти август мора да направиме чудо! Мора да биде номиниран меѓу првите пет изведувачи/ Море зошто меѓу првите пет, мора да биде прв, напиша еден фан.

На листата од 30 изведувачи кои се натпреваруваат за „Best Adria Act“ се најдоа стилски различни музичари и бендови: „Беј Д Фиш“, „Силване до Нирване“, „Дарквуд Даб“, „Дубиоза колектив“, Едо Маајка, Џибони, „Грамофонеџи“, „Хипнотајзд“, „Канда, Коџа и Небојша“, Ван Гог“, Владо Георгиев, Лака, Кирил, „Лету штуке“, „ТБФ“, „Мањифико“, „Негатив“, „С.А.Р.С“, „Севдах бејби“ „Сви на под“...

Гласањето ќе трае до 26-ти август на пладне, а сите пет номинирани изведувачи за наградата „Best MTV Adria Act“ ќе бидат објавени кон почетокот на септември. MTV соопшти дека при составувањето на листата на номинирани предвид ќе се земе целокупниот успех на изведувачот или бендот во претходната година, влијанието кое го имале на музичката сцена, во земјата од која доаѓа и во регионот, колку се популарни и бројот на концерти кои го имале во текот на минатата година. Признанието ќе биде врачено на доделувањето на европските MTV награди, кои ќе се одржат на 7-ми ноември во Мадрид. Досега не се случило оваа награда да се додели постхумно.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Правила се правила дечко...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download