Мадона наводно е „опседната“ со Lady GaGa и очајно сака младата пејачка да и се приклучи на нејзината турнеа.

Извори блиски од Мадона велат дека кралицата на поп музиката сака GaGa да ја отвори нејзината турнеа во 2011 година.
- Мадона е тотално опседната со GaGa, таа вели дека е најконтроверзниот и прогресивниот поп уметник каков што со години се нема појавено и очајно сака да работи со неа. Всушност, GaGa треба само да ја каже својата цена, Мадона се ќе прифати, вели изворот.

Педесет и двегодишната пејачка претходно откри дека е голем фан на GaGa.
- Се гледам себе си во Lady Gaga. Кога ја видов, сфатив дека таа нема многу пари за своја продукција, имаше дупки на мрежестите хулахопки, и имаше грешки насекаде. Беше своевиден хаос, но можам да забележам дека го има „Икс“ факторот, изјави Мадона.

Од друга страна, GaGa исто така не го сокри нејзиното восхитување кон „Like a Virgin“ хитмејкерката.
- Би сакала да сум присутна на сцената уште 25 години. Им се восхитувам на Мадона и Кортни Лов, на начинот како повторно се реоткриваат себе си и како растураат се пред себе. Сакам да сум како нив и повеќе од нив, изјави GaGa.