Ги предвидов терористичките напади во 2001-та

Британскиот глумец Мајкл Кејн ги предвиде терористичките напади на Њујорк во 2001 година во романот кој го пишувал пред да се случи настанот, објави Би-Би-Си.

- Имав заплет во кој терористи со авион удираат во висока зграда во Лондон. Бев шокиран и престанав да пишувам, кога видов дека тоа се случи во реалниот живот, изјави Кејн.

Во интервју кое го даде пред објавувањето на автобиографијата „The Elephant to Hollywood", 77. годишниот Кејн откри дека и понатаму се надева дека ќе го доврши романот и тоа пред неговиот 80-ти роденден во 2013. година.

- Таа книга ќе биде „трилер за тероризмот" и нема да биде некое значајно литературно остварување, изјави славниот глумец.

Двојниот оскаровец Кејн оваа година глумеше во футуристичкиот трилер „Почеток", кој е негова четврта успешна соработка со режисерот Кристофер Нолан.

Книгата „The Elephant to Hollywood" е пуштена во продажба од денеска.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Милионер
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download