Кети Пери воведе предбрачна забрана за секс

Пејачката Кери Пери наводно при подготовките за венчавката одлучила да апстинира од секс, па на свршеникот Расел Бредн јасно му дала на знаење – „ништо пред бракот“.

Како што пишуваат британските медиуми, пејачката одлучила да му воведе забрана на својот свршеник со цел нивната прва брачна ноќ да биде нешто посебно, нешто на што секогаш ќе се сеќаваат.

- Кети сака сè да биде совршено, па дури и првата брачна ноќ. Апстиненцијата од секс е дефинитивно нејзина идеја, вели неименуван извор близок до двојката.

Истиот извор наведе дека Расел не бил воодушевен со идејата, но се согласил бидејќи и двајцата се сигурни дека се ќе се исплати на првата брачна ноќ.

Кети Пери и Расел Бренд наводно ќе се венчаат кон крајот на месецов во Индија.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој многу пие...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download