Од четврток Скопје го зафаќа вистинско џез лудило

Годинешното 29-то издание на реномираниот Скопски Џез Фестивал, на кој ќе настапат еминантни и признати имиња на џез музиката од сите страни на светот, тргнувајќи од САД, Куба, Бразил, Нов Зеланд Велика Британија, Италија, Холандија, Норвешка, па се до Белгија започнува во четврток, 21-ви октмври, а ќе трае до недела 24-ти.

Скопскиот џез Фестивал во Скопје ќе го сочинуваат 12 концерти, распоредени во 4 фестивалски ноќи на 3 сцени, во Универзалната сала, во Македонската опера и балет и во клубот Хард Рок.

На отворањето на традиционалната манифестација во Универзалната сала ќе настапат Omar Sosa од Куба и Maria Pia De Vito од Италија.

Три пати номиниран за Греми, кубанскиот композитор и пијанист Omar Sosa е еден од најсестраните музичари на џез сцената денес. Соединувајќи ги богатите џез, етно и електронски влијанија со неговите афрокубански корени, тој создава свеж и оригинален урбан звук - целосно обоен во латино-џез колорит.

Maria Pia De Vito е исклучителна појава на современата европска џез сцена. Студирала опера и модерно пеење, а својата музичка кариера ја започнува во 1976 година како вокалист и инструменталист (плектра, перкусии, пијано) во неколку истражувачки групи посветени на етно музиката, како и на етно и не-етно полифонијата, главно поврзана со Медитеранот, Балканот и Јужноамериканските области.

Клупските изведби по полноќ во Хард Рок ќе ги отвори холандскиот саксофонист Јури Онинг со својот бенд.

На втората вечер (22-ри октомври) во Универзална сала ќе настапи триото на американскиот гитарист Larry Carliton, како и квантитетот на бразилецот Hamilton De Hollanda. Во рамките на пополноќната програма во Хард Рок ќе настапи Paula Morelenbaum од Рио де Жанеиро.

На 23-ри октомври, исто така, во Универзалната сала, ќе се претстават ансамблот од Белгија, Flat Earth Society и пијанистката и вокалистка од САД, познатата Patricia Barber. По полноќ во Хард Рок ќе имате можност да ги слушнете The Ethnics feat Nona Hendryx, исто така од САД.

Затворањето на годинешниот Скопски Џез Фестивал ќе се одржи во салонот на Македонската опера и балет на 24-ти со норвешка вечер, која е редовно на репертоарот на манифестацијата.

Trygve Seim / Frode Haltli и Terje Rypdal & Bergen Big Band Crime Scene ќе бидат претставниците на Норвешкиот џез. Познатиот продуцент Aronas ќе ги затвори полноќните клупски свирки во Хард Рок.

Оливер Белопета денес информираше дека буџетот на фестивалот секоја година изнесува околу 200.000 евра. Од нив, 40 отсто се покриваат со средства од Министерството за култура и Град Скопје, 20 отсто се обезбедуваат од влезни билети и 40 отсто од комерцијални спонзори и донации. Тој потсети дека покровители на фестивалот се Министерството за култура и Град Скопје, а ексклузивен спонзор е Македонски телеком. Влезниците за 29-то издание на Скопскиот џез фестивал ќе можат да се набават во Југотон, Универзална сала и првпат преку интернет адресата www.karti.com.mk.

Б.Бошковски



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
У авион
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download