Ван Дам доживеа срцев удар

Актерот Жан Клод Ван Дам доживеал срцев удар за време на снимањето на својот нов филм „Weapon“ во Њу Ореланс, поради што веднаш е хоспитализиран.

- Добро е, накратко соопшти портпаролот на Ван Дам за неговата здравствена состојба.

Според информациите на американските медиуми, станува збор за послаб срцев удар, поради што 50-годишниот Ван Дам по кратката хоспитализација  се вратил во родната Белгија, каде ќе остане додека потполно не закрепне. Поради здравствената состојба на познатиот акционен актер на неопределено е одложено снимањето на филмот.

Првиот дел од филмот се снимаше во Романија, а во него, покрај Ван Дам играа Скот Адкинс и познатата српска актерка Марија Каран.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download