Ван Дам: 100% сум здрав

Акционата ѕвезда Жан Клод Ван Дам синоќа ги демантираше гласините дека на филмскиот сет доживеал срцев удар.

„Пред неколку часа прочитав дека сум имал срцев удар. Ве молам не верувајте им на трачевите кои ги читате на неофицијалните страници. Жан Клод е 100% здрав, тренира пред борба и ги поздравува сите свои пријатели и обожаватели и им порачува дека многу ги сака“, пишува на официјалниот Facebook профил на популарниот актер.

За потсетување, вчера наутро американските медиуми јавија дека Ван Дам бил хоспитализиран откако доживеал срцев удар на снимањето на својот нов филм „Weapon“ во Њу Орлеанс.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download