Фантастичен концерт на Калиопи во Торонто

Шест дена по промоцијата на новиот албум „Порака” на плоштадот „Македонија” во Скопје, Калиопи за прв пат концертно се претстави во Канада.

На 5-ти ноември во престижниот „Rose Theatre Brampton” во Торонто одржа концерт за паметење. Иако, првенствено наменет за македонската дијаспора, на концертот имаше публика од сите страни на светот кои живеат во Канада.

На величествениот концерт кој се одржа на сцена на која досега настапувале голем број светски музички ѕвезди, Калопи одржа еден од своите најдобри концерти во досегашната кариера.

Започна со преставување на песните од најновиот албум „Порака” на кои публиката фантастично реагираше. Баладите минаа во тивка и неверојатно емотивна атмосфера, додека пак побрзите теми беа пропратени со аплаузи и спонтано станување од столици. Маестралната изведба на песната на канадскиот кант автор Леонард Коен, „Hallelujah” со која Калиопи ги поздрави присутните Канаѓани во публиката беше поздравена со френетични аплаузи и овации. Најпосебен и најинтимен момент на концертот беше кога бендот ја напушти сцената, а Калиопи сама, на концертен клавир ја отпеа веќе антологиската „Не плачи”.



„Едноставно прекрасно. Сум била на многу концерти на наши и светски ѕвезди. Она што го понуди Калиопи беше исклучително. Емоции, енергија, љубов. По концертот лично ја запознав и ме одушеви со својот карактер”, изјави Мирјана Нушева Андовска, која со сопругот и двете ќерки повеќе години живее во Торонто.

Во вториот дел на концертот концертно беа претставени постарите хитови на Калиопи кои публиката на нозе ги пееше заедно со неа во еден глас. Во текот на двата часа, публиката беше почестена со изведбата на: „Македонско девојче” и „Јовано, Јованке”. Концертот заврши со песната „На пат до Македонија”.

Следуваше дружење на Калиопи со публиката, потпишување ЦД и делење автограми. Во текот на престојот, Калиопи и нејзиниот тим ги посетија водопадите на Нијагара. По враќањето во Македонија, продолжуваат активностите во насока на промовирање на новиот албум „Порака”.

(И.Н)



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Милионер
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download