Џоли планира снимањето во БиХ да го заврши во рок од пет дена

Анџелина Џоли снимањето на својот прв филм како режисер „Безимена љубовна приказна“ на локации во Босна и Херцеговина планира да го направи во експресен рок, за само пет дена.

Еден од продуцентите на филмот Един Шакриќ побара дозвола за снимање на локации во Сараево и Вареш од 17 до 21 ноември. На овие датуми треба да бидат снимени последните сцени од филмот, чие снимање започна кон крајот на септември во Будимпешта.

Локациите низ БиХ на кои ќе снима Анџелина Џоли ќе бидат обезбедени од полицијата, а за време на снимањето ќе важат и посебни правила.

Досега единствената официјално потврдена локација за снимање се Еврејските гробишта.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
WC
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download