Не планирав да имам големо семејство

Анџелина Џоли призна дека отсекогаш планирала да има две деца. Во интервјуто за магазинот Vogue, актерката истакна дека таа и нејзиниот партнер Бред Пит одлучиле да го прошират семејството откако се почувствувале подготвени да го издржат сето тоа.

- Планирав да имам две деца. Кога размислувате за семејството морате да знаете дали сте способни да се носите со тоа и како вашите деца меѓусебно ќе се однесуваат, вели Џоли.

Таа додаде дека родителите едноставно знаат дека ако имаат едно дете кое бара многу внимание, едноставно не можат да имаат уште едно дете, затоа што нема да можат да му се посветат доволно.

- Бред и јас во еден момент сфативме дека можеме да се носиме со големо семејство и сега имаме огромно и среќно семејство, рече новопечената режисерка.

Во интервјуто за Vogue, Џоли истакна дека заедно со Пит се договориле децата да ги школуваат во приватно училиште во Франција.

Преубавата Анџелина исто така се осврна и на љубовниот живот, откривајќи дека и после пет години и понатаму гори љубовниот оган меѓу неа и Бред.

- Кога мислам на него, мислам на маж кој е многу добар пријател и неверојатен татко. Кога ќе го видам како си игра со децата, сфаќам колку навистина го сакам, истакна Џоли.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
WC
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download