
Една од лошите страни на тоа да се биде судија на најгледаното британско телевизиско шоу се дефинитивно микрофоните, кои успеваат да го фаќаат и најмалиот шум.
Шерил Кол веројатно неделава се увери во силината на озвучувањето. „3 Words“ ѕвездата „пушти ветер“ додека ја даваше својата оценка за настапот на натпреварувачката на X Factor, Шер Лојд.
Обожавателите на пејачката велат дека тоа е само звук на нејзиното столче, но фактот што Шерил го намали гласот и направи чудна гримаса пред да се слушне звукот, ни укажува на нешто друго.
Погледнете го видеото и пресудете сами...