Концерти на Jamiroquai и Кајли Миног во Скопје

Најпознатиот светски џез – фанк бенд, Jamiroquai и една од најпопуларните поп ѕвезди во последните десет години, Кајли Миног доаѓаат во Скопје! Да, не станува збор за некоја 16-то ноемвриска шега на ИДИВИДИ, бидејќи добивме потврда од Авалон Продукција дека преговорите со двете музички ѕвезди се при крај.

- Преговорите со Jamiroquai и Кајли Миног се во завршна фаза. Поради тоа можеме да најавиме интересно музичко концертно 2011-то лето во Скопје, лето во кое ќе ни гостуваат големи музички ѕвезди, ни потврдија од Авалон.

Двата концерти најверојатно ќе се одржат во Арената, Филип Втори во Скопје, а точните датуми не се прецизирани. Музички имиња кои се надеваме ќе дојдат во Македонија се неверојатно атрактивни, бидејќи Jamiroquai и Кајли Миног имаат нови албуми кои ги промовираат низ целиот свет.

Новиот Rock Dust Light Star албум на британскиот бенд Jamiroquai, кој важи за легендарен музички состав кога станува збор за асид џез – фанк музиката, доби одлични критики од светската јавност. Jamiroquai кои постојат од 1992-та година, до сега имаат продадено 25 милиони албуми ширум светот, а во 1997-та година освоија и Grammy Award.

За Кајли Миног сигурно нема потреба да ви раскажуваме. Станува збор за поп ѕвезда со огромна светска слава. „Џебната Венера“ има продадено повеќе од 60 милиони албуми и добиено повеќе музички награди, меѓу кои најпрестижните Brit Award и Grammy Award.

Останува само да се надеваме дека Авалон успешно ќе ги заврши преговорите околу гостувањето на Кајли и Jamiroquai. Би било одлично по концертите на Лени Кравитц, Боб Дилан, Боб Синклер, 50 Cent, Сантана и други, македонската публика да ужива и во овие две светски музички атракции.

Б.Бошковски



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Абе овој избега
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download