Иако наголемо најавуван, претстојниот концерт на Јелена Карлеуша е одложен.

Организаторот на саботниот концерт во Спортскиот центар „Борис Трајковски”, известува дека концертот на Јелена Карлеуша нема да се одржи. Причината за одложување на визуелно-музичкиот спектакл се техничките проблеми кои настанаа вчера со скапата опрема. Имено, заради комплексноста на бината и многуте ефекти кои требаше да се наместат во салата, одговорните луѓе на „Емоушн” заедно со скопските организатори решија да го одложат концертот.
Точниот датум сеуште не е утврден, но се најавува во текот на март следната година. Сите оние кои веќе купиле билет, парите ќе може да ги добијат онаму каде го купиле или да го зачуваат за во март. И покрај одложувањето на концертот, ИДИВИДИ нема да го одложи објавувањето на ексклузивното интервју со Јелена Карлеуша во сабота 20.11.2010.