Втор концерт на Цеца во Скопје

Очекувано или не? Свтлана Цеца Ражњатовиќ ќе одржи втор концерт во Скопје. Поради огромен интерес што резултираше со целосно распродаден прв концерт, организаторот, туристичката агенција „Гуливер милс" најавува и втор концерт на Цеца во Скопје. Веќе од утре билетите ќе бидат пуштени во продажба на сите продажни места каде се продаваа и за првиот концерт. Цената е идентична, 800 денари за стоење и 1000 денари за седење. Идентична ќе биде и програмата, времето и местото на вториот концерт. Тоа значи, сабота, 27. Ноември со почеток во 21 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски" во Скопје. Според интересот, очигледно е дека и вториот концерт ќе биде распродаден. Сите кои ќе бидат дел од него, во живо ќе имаат можност да ги слушнат хитовите на Цеца. Несомнено е дека публиката ќе биде почестена и со некоја стара македонска песна. Впрочем тоа Цеца го најавува во нејзината изјава:

„Подгответе се! Ќе следуваат две вечери полни со многу музика и добра забава. Да, ќе има многу, многу музика и ќе се обидам да направам добра атмосфера".



(И.Н)



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
„Скриена“ камера
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download