Актерот кој глумеше во „Грдата Бети“ ja уби својата мајка

Актерот Мајкл Л. Бри, кој меѓу другото е познат и по улогата во серијата „Грдата Бети“ со самурајска сабја и ја отсекол главата на сопствената мајка.

За време на стравичниот чин тој ја цитирал Библијата, нарекувајќи ја својата мајка грешник и барал од неа да се покае.

Јаник Бри е убиена во вторникот во неговиот стан во Бруклин. Пред да ја убие тој неколку пати ја прободел со сабјата.

Полицијата пристигнала предоцна, на повик на соседите кои слушнале врисоци од неговиот стан. Местото на злосторството било прекриено со крв, а полицајците актерот морале да го смират со електрошокови. Мајкл е одведен во психијатриска установа, каде според првичните информации во разговорот со лекарите тој тврдел дека го видел ѓаволот во неговата мајка.

Тој е обвинет за убиство од втор степен и за нелегално поседување оружје.

Родителите на Мајкл потекнуваат од Хаити, каде се родиле и живееле, а подоцна одлучиле своите деца да ги одгледаат во САД. Мајкл, кој се родил во Њујорк секогаш имаше само пофални зборови за својата мајка.


- Се сеќавам на своето растење, мојата мајка секогаш им даваше храна на сиромашните луѓе. Родителите ме одгледаа секогаш да делам со другите и да давам за хуманитарни цели и во име на Бога, изјави тој во една прилика.

Мајкл, освен во „Грдата Бети“, глумеше и во „Степ ап“, а е сопственик и на свој ресторан.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Жена ти има гости
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download