Среќа за Влатко

Влатко Илиевски со неговата песна „Среќа“ е победник на овогодинешното издание на Македонски радиски фестивал МАРС 2010.

Илиевски, како награда добива 60.000 денари и можност Универзалната сала да ја искористи бесплатно за солистички концерт до крајот на 2011-та година.

Второпласираните Некст Тајм со песната „Убава“ освоија 40.000 денари, додека Александар Белов со „Една“ се најде на трето место, освојувајќи 30.000 денари.

Наградата од 10.000 денари за најдобар текст која ја доделуваат новинарите од печатените медиуми ја освои Магдалена Цветковска за песната „Едно тело“.

 



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Тест
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download