Кралот или кралицата на бугарскиот поп-фолк Азис смета дека Боки 13-ка е обична неталентирана карикатура, објави српскиот таблоид „Ало“.

Азис неодамна допатува во Белград за да го промовира дуетот со Индира Радиќ, а тогаш за првпат дозна за Бојан Јовановски!
- Ми кажаа за тој Бојан. На кратко ми објаснија кој е и што е. Не знам што да кажам. ОК, сака да се занимава со естрада, но што е со неговиот глас кога пее, настапот... Тажно ми изгледа. Нејасно, смешно. Не ја гледам поентата на тоа. Велат дека понекогаш знае да биде смешен, интересен. Ако е така, тогаш не си пејач, музички уметник, туку циркусант. Грешам ли? Драго ми е што во мене нашол инспирација за својата работа, но тоа не е тоа, рече Азис.

Бугарската мега ѕвезда вели дека не гледа никаква сличност со македонскиот шоумен!
- Во што сме тоа ние слични?! Погледнете ја неговата, а погледнете ја мојата слика. Тело, фаца... Јас сум висок 188 сантиметри, имам 87 килограми, а тој? Својата работа си ја сфатив сериозно и така и приоѓам и максимално и се посветувам. Јас, за разлика од него имам нешто повеќе од плава бланширана коса. Имам талент, глас, што за другата страна не сум баш сигурен.
