Ракавицата на Мајкл Џексон продадена за 330.000 долари

На аукција во Беверли Хилс се продадоа делови од сценската гардероба на покојниот крал на поп музиката Мајкл Џексон, вклучувајќи и една од неговите славни ракавици, соопштија американските медиуми.

Белата ракавица, носена од Џексон на негова турнеја, кога го промовираше албумот „Bad“, на крајот од 80-те години на минатиот век, беше продадена за 330.000 долари.

Едната страна на ракавицата е покриена со кристали Сваровски.

Палто со потписот на Мајкл Џексон беше купено за 96.000 долари, а меката шапка, што понекогаш ја носеше на сцената, за 72.000 долари.

На наддавањето беа понудени и работи, што им припаѓале на други познати лица. Така, на пример, блузата во воен стил, со која Џон Ленон се снимал за корицата на списанието „Life“ во 1966 година, беше продадена за 220.000 долари.

Двете празни шишенца од лекарства на Мерлин Монро најдоа купувач за 18.750 долари.

На аукцијата беше продадена и рендген снимката на мозокот на Алберт Ајнштајн, за која купувачит изброја 38.000 долари.

Наддавањето беше организирано од калифорниската аукциска куќа Џулианс, која соопшти дека за двата дена наддавање биле продадени работи на познатите лица во вкупна вредност од три милиони долари.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој многу пие...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download