Џоли ќе се пресели во Африка

Холивудската актерка Анџелина Џоли откри дека планира во блиска иднина да се пресели со семејството во Африка.

Популарната 35-годишната Џоли призна дека наскоро може ќе ја стави кариерата на пауза за да се посвети на семејниот живот со Бред Пит и нивните шест деца.

- Во следните години планирам да забавам на деловен план. Нема да се пензионирам, но ќе снимам помалку филмови. Вистината е дека сакам извесен период да живеам во Африка, рече Џоли.

Актерката ги негираше шпекулациите дека повторно ќе снима филм со Пит, кого го запозна во 2005 година при снимањето на филмот „Mr & Mrs Smith“.

- Не ни нудат често заедно да снимаме филмови. Разговаравме за тоа бидејќи во неговите филмови секогаш има некоја девојка, а во моите некој маж. Во една рака би сакале да работиме заедно и да ги водиме децата со нас во таа авантура, но колку и да сакаме да глумиме заедно, тоа би го направиле само доколку тоа им е интересно на гледачите, рече Џоли.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download