Жалам што повеќе не сум најсекси мажот на светот

Џони Деп откри дека е тажен бидејќи ја изгубил титулата „Sexiest Man Alive“, јавуваат светските медиуми.

Титулата која секоја година ја доделува People магазинот, годинава од Деп ја презеде Рајан Рејнолдс. Деп за MTV News проговори за загубената титула и за неговото длабоко разочарување.

- Се чувствувам како да ми ја украле машкоста. Се чувствувам како некој ужасно да ме претепал... знаете како, како патетична фока. Но така одат работите, зарем не? Мислам дека би можел да се обидам повторно? Не!... Но, јас толку напроно работев за да ја добијам титулата, се пошегува Деп.

Деп во моментов се подготвува за премиерата за својот нов филм со Анџелина Џоли, кој во САД ќе започне да се прикажува на 10-ти декември.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download