Хакер ги украл разголените слики на Агилера

Хакер ги украл полуголите фотографии на Кристина Агилера, кои неделава се појавија на интернет, тврди портпаролот на пејачката.

Сликите, на кои Агилера е во жешка долна облека која ги открива речиси сите делови од нејзиното тело, не требале да се појават во јавност и наводно биле украдени од компјутерот на нејзиниот личен стилист.

- Фотографиите кои се појавија во медиумите се украдени од хакер кој упаднал во компјутерот на личниот стилист на Кристина. Сликите се снимени во домот на Агилера и биле наменети само за нејзе и нејзиниот стилист, се вели во соопштението на портпаролот.

Претставникот за печат на пејачката, соопшти дека ќе ги преземат сите можни мерки за да го откријат идентитетот на хакерот и против него ќе преземат правни мерки.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Јаки заби
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download