Непријатно ми беше љубењето со Џоли

Актерот Џони Деп призна дека се чувствувал непријатно кога се бакнувал со Анџелина Џоли, пренесуваат светските медиуми. Актерите имаа љубовна сцена во нивниот нов филм „The Tourist“.

- Тие работи секогаш се непријатни. Низ смеа и шега протрчувате низ нив, исто како кога ве скокоткаат и се чувствувате глупаво, изјави 47-годишниот Деп.

Без разлика на неговите чувства за филмскиот бакнеж, сепак на Џони му е драго што имал атрактивна колешка за „мување“

- Дефинитивно имав многу повеќе тешки денови на работа поради тоа, изјави Деп.

Познатиот актер веќе 12 години е со 37-годишната француска актерка и пејачка Венеса Паради, со која има две деца, 11-годишната Лили Роуз и 8-годишниот Џон.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download