Обожавателките ги бакнувам во уста кога сум расположен

Латино заводникот Енрике Иглесиас на своите обожавателки им покажува кога е добро расположен. Некои од нив ги вади на сцена и ги бакнува в уста, по што тие остануваат шокирани и блажени.

- Се возбудувам кога сум на сцена. Не го правам тоа така често, само кога сум навистина добро расположен, изјави Иглесијас, додавајќи дека при бакнежот никогаш не „пушта јазик“.

Енрике во јули пеејќи ја својата балада „Hero“ бакна една девојка од публиката. Истото го направи и на гостувањето во Today show, а минатата недела во Бостон бакна уште една. Кога пееше во Флорида на концертот Y100 Jingle Ball поклони уште еден бакнеж.

Во меѓувреме, таблоидите објавија дека Иглесиас и неговата девојка, поранешната тенисерска ѕвезда, Русинката Ана Курникова, тајно се венчаа.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Ама кечери
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download