Африкански звуци и македонска народна песна на Скопскиот Џез Фестивал

Со импресивниот колоритен настап на Кубанскиот композитор и пијанист Omar Sosa кој на публиката и ја пренесе богатата африканска традиционална музика во свеж оригинален џез варијанта, вчера во Универзалната сала започна 29-тиот Скопски Џез Фестивал.

Уметникот кој во Скопје заедно со неговиот бенд Afreecanos успеа да го пренесе духот на Африка, на најубав начин покажа како стариот африкански етно звук може да се соедини со електронските влијание во оригинален џез урбан звук.

По опуштениот концерт на Sosa, на сцената застана исклучителната појава на европската современа џез сцена, Италијанката Maria Pia De Vito. Публиката остана без зборови кога Maria на македонски јазик во џез варијанта ја отпеа нашата народна песна „Мамо кој чука на порти“.

Првата вечер на Скопскиот Џез Фестивал заврши со одличниот перформанс на веројатно најзначајниот холандски саксофонист Yuri Honing.

Вториот ден од фестивалот ќе го отвори трикратниот освојувач на наградата Греми, и еден од најдобрите гитаристи на сите времиња, Lerry Carliton кој успеа да се етаблира уште со своето прво издание “A little Help From My Friends“.

По него ќе настапи Hamilton De Holanda Quintet за кој во светот се збори дека е “Виртуозен“, “брилијантен“ и “уникатен“, музичар, кој успеа за кратко време да ја запали публиката и да изгради богата кариера исполнета со многу награди. Вечерта ќе ја затвори Бразилката Paula Morelenbaum со настап во Хард Рок.

Текст: Бојан Бошковски

Фото: Дарко Христов

 



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Чувааааааај
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download