Мадона намерно му го скрши срцето на Хесус?!

Мадона и нејзината „играчка“ Хесус Луз се раскараа поради признанието на поп кралицата во шоуто на Дејвид Литерман дека попрво ќе се фрли под воз отколку да застане пред олтар. Извор близок до парот открива дека бразилскиот манекен се чувствува многу повредено и глупаво, бидејќи неговата девојка јавно го осрамотила пред семејството и пријателите.

- Мадона и Хесус ретко се караат, но овој пат нејзините зборови ги повредија неговите чувства. Тој е разочаран бидејќи цело време збори дека неговата врска со Мадона е озбилна. Хесус се трудеше на своето семејство да им докаже дека пејачката искрено го сака, но очигледно шоуто ја сруши бајката. Тој неодамна им кажа на пријателите дека планира да ја ожени Мадона, но по тие зборови неговото срце се скрши. Не знам што размислувала во тој момент пејачката, но мислам дека таа намерно ги кажа тие зборови. Очигледно не била подготвена тоа да му го каже во лице, па реши преку телевизија, изјави изворот.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој со што си игра !?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download